Јанев: Илинденска проституција, влезот – морбиден, стотици луѓе со ЕУ знаменца во првите редови спремни да аплаудираат на Св.Таче
- Фејсбук статус на Јован Јанев – студент на Правниот факултет при Универзитетот „Гоце Делчев” во Штип и победник на десеттата Ораторска вечер
Илинден 2022 беше мој прв Илинден т.е Илинден кога сум си дозволил да одам за Крушево. И како прво искуство морам да признаам колку болеше.
Земајќи го фактот за покорноста или НЕпокорноста на македонскиот народ, Илинден е еден од најважните денови во историјата , најпрво со Крушевската Република па се до АСНОМ.
Крушевската глетка започна со полиција на секој 5 метри уште од влезот, понатаму забележливи беа автобусите (кои беа премногу) каде кај сите имаше европско знаменце т.е знамето на ЕУ:
Влезот – морбиден, стотици луѓе со знаменца на ЕУ во првите редови спремни да аплаудираат на Св.Таче со својата компанија, а овие црвениве пак во задните редови чекаат да свират и урлаат по овие синиве.
Би го простил ова со знамињава на ЕУ (земајќи го фактот дека ЕУ нема тотална поврзаност со Илинден) но, оваа БАГРА на БЕЗРБЕТНИЦИ која очигледно е партиски пратена – свиркаше по Бранителите од 2001-ва т.е ветераните, по група којa ja пееше “Бисер Балкански”, а се разбира свирежи од некои страни имаше дури и за НАЦИОНАЛНАТА ХИМНА, Св. Таче држи говор на 100 метри подалеку од народ, сигурно поради тоа што го сака – ЛИДЕРИШТЕ.
Партиски хулигани се закануваат на невини граѓани, овие пак едни граѓани – дошле за шлакаат раце на ЛИДЕРОТ затоа што детето нивно треба да работи во Општина најверојатно.
Еден Илинден за сите – а СИТЕ поделени на 200 табора, една држава за СИТЕ, а СИТЕ меѓусебно очи си копаат, а за исто време, некаде господата си копаат тендери.
Голем дел не го заслужувате овој празник, плукате по него, плукате по се што е МАКЕДОНИЈА, доаѓате да величите херои само за партиски интерес… но, залудно можеби и пишувам. Иако треба да пишувам и зборам “Интелектуално и демократски” сепак… МАМИЧЕТО ВАШЕ ПОЛТРОНСКО, ЌЕ ПЛАТИТЕ ЗА СЕКОЈА КАПКА КРВ НА ИЛИНДЕНЦИ, ЌЕ ПЛАТИТЕ ЗА СЕКОЈ ДЕНАР КОЈ СТЕ ГО ЗЕЛЕ ПОРАДИ ОВАА ДРЖАВА!
Да живее Македонија – Да живее народот!
Среќен Илинден драги и НЕдраги мои!