Мециновиќ: Хронологија од лаги на нетранспарентните СДСМ и ДУИ

  • Фејсбук статус на Амар Мециновиќ – портпарол на Политичката парија Левица и советник во Советот на град Скопје

На 21-ви јуни Левица на пресконференција произнесе информации дека:

„Министерството за надворешни работи, Секретаријатот за европски работи, кабинетот на Премиерот, како и кабинетот на Претседателот, биле запознаени со нацрт-предлогот на Европската Унија, и македонската страна учествувала во неговата подготовка.

Министерот за надворешни работи Бујар Османи и премиерот Димитар Ковачевски одбиваат да го коментираат овој нацрт-предлог, иако во неговото изготвување учестувале наши претставници. Линијата на комуникација преку дипломатски канали помеѓу официјална Софија и официјално Скопје била активна, како преку медијација на Париз, така и преку директна комуникација.

Двете инстанци на директна комуникација се при посетата на Весела Чернева, советничката за надворешна политика на бугарскиот премиер Кирил Петков во Скопје, додека другата е при посетата на министерката за надворешни работи Теодора Генчовска на опожарениот провокаторски, нео-фашистички културен клуб кој го носи името на Ванчо Михајлов.“

На 16-ти јуни Претседателот Стево Пендаровски изјави дека „од Брисел и Софија треба да добиеме писмени гаранции дека „евентуалното“ отварање на македонскиот Устав, ќе биде последно барање на Бугарија и таа нема да наметнува нови услови и да го кочи понатамошниот процес“.

На 3-ти јули, тој ги ослови „гаранциите“ како излитена форма на политичко фантазирање и додаде дека такви гаранции не постоеле во историјата на ЕУ интеграциите.

Кога излезе првиот нацрт-предлог државниот врв го одби, за да дојде наводна „втора верзија“ во која ќе се инкорпорира замислата на македонската страна – Премиерот Димитар Ковачевски рече дека не може да ја коментира содржината пред да ја види. За официјална Софија двете верзии се исти, какви што навистина се.

На 13-ти јули, во „Само Вистина“, го потенциравме тоа што „францускиот предлог“ е продукт на нашата дипломатија и на бугарската – која излезе како победник, преку француска медијација.

Сега, на 30-ти јули, Претседателот излезе со изјава дека тој учествувал во изготвувањето на предлогот.

На „јавната дебата“ на „експертската фела“ присуствуваа претставници на прокси организации блиски до пробугарската СДС, а воопшто предлогот не беше преведен на македонски.