САД ја разбра пораката од НР Кина, Пелоси нема да го посети Тајван
Спикерката на претставничкиот дом на САД, Ненси Пелоси денес се огласи на Твитер, по повод нејзиното патување во Азија. Но, во својата објава таа никаде не го споменува Тајван.
Водам делегација на Конгресот во Индо-Пацификот за да ја потврдам непоколебливата посветеност на Америка кон нашите сојузници и пријатели во регионот. Во Сингапур, Малезија, Јужна Кореја и Јапонија, ќе одржиме состаноци на високо ниво, за да разговараме за тоа како можеме да ги унапредиме нашите заеднички интереси и вредности.
Иако претходно се говореше за посетата на Пелоси на островот, со што се обидува да го наруши територијалниот интегритет на НР Кина, по испратените јасни пораки од кинеската делегација, САД се предомислија.
Кинескиот претседател Си Џинпинг во телефонски разговор со Џо Бајден пред посетата на Пелоси, му порача САД да не си игра со оган, бидејќи кој си игра со оган ќе се изгори.
Медиумите, исто така, објавија дека кинеските дипломати во САД активно работат на тоа да им пренесат на американските конгресмени дека посетата на Пелоси е непожелна.
Подоцна се појавија и шпекулации дека авионот на Пелоси може да биде соборен, за потоа на официјалниот профил на кинеската армија на Веибо да се појави порака во која и се порачува на армијата да се подготви за војна.
Во целиот период додека трае посетата на Пелоси, кинеската армија спроведува воени вежби во тајванскиот теснец, што е затворен за авиони и бродови од кинеска страна.
I’m leading a Congressional delegation to the Indo-Pacific to reaffirm America’s unshakeable commitment to our allies & friends in the region. In Singapore, Malaysia, South Korea & Japan, we’ll hold high-level meetings to discuss how we can further our shared interests & values.
— Nancy Pelosi (@SpeakerPelosi) July 31, 2022