АктуелноИнтернационалноЛокално

Од МНР нема осуда за окупаторот

Вчера МНР го осуди ракетниот контранапад на Хутите врз нивниот окупатор, Саудиска Арабија. Хутите се племенска шиитска заедница во Јемен и нивната територија е под константен напад и блокада што предизвикува секојдневно смрт од глад, болести и оружје на стотици луѓе, меѓу кои голем дел деца. Немаше осуда за Саудиска Арабија од МНР, иако финансираат вехабизам во Македонија.

Истиот ден при мирен протест во окупирана Палестина, „Израелските“ воени сили со огнено орушје стрелаа на цивилното население при што убија 17, од кои најмладиот имаше само 20 години, а повредија околу 1400 цивили. Немаше осуда за „Израел“, иако изјавија дека убиствата биле намерни и дека „секој куршум знаат каде завршил“.

Денес е 72 години од почетокот на Грчката Граѓанска Војна. За време на војната единствено комунистичката страна на Демократската Армија на Грција го признаваше македонскиот етникум како постоечки и релевантен. Традиција што и ден денес ја одржуваат левичарските oрганизации во Грција, додека и тогаш и сега десничарите биле за физичко елиминирање на македонското малцинство во Грција. Место осуда за британското учество во граѓанската војна против ДАГ, МНР се „солидаризираше“ и протера руски дипломат. Сигурно и тогаш би се „солидаризирале“.

Премиерот на РМ пред некое време ја осуди ДНР Кореја за нејзиното одбранбено наоружување, верјатно мислејќи дека треба и тие да ја доживеат судбината на Ирак и Либија. Следната недела е 70 години од почетокот на Масакрот во Џеџу, Кореја. При американската воена окупација и наметнувањето на воена хунта на власт, населението на Џеџу островот се кренало на востание кое било крваво задушено од американската власт. До ден денес САД го држи јужниот дел од Корејскиот полуостров под воена окупација со американски воени бази и преку мешањето во внатрешната и надворешната политика на „Република Кореја“. Постои голема доза на сигурност дека и за ова ќе нема осуда.