АктуелноЛокално

Започна спроведувањето на иницијативата од Левица за бесплатни градинки во Кавадарци

По иницијативата поднесена од Левица, Советот на Општина Кавадарци донесе одлука градинките во овој град да бидат бесплатни, почнувајќи од месец септември.

Во обраќањето до Советниците и јавноста Круме Богевски кажа:

,,Оваа иницијатива е посебна за мене, станува збор за згрижување на деца, за образование, станува збор за решавање на неколку социјални проблеми, а посебна е и затоа што со неа согледав нешто ново!“

Денес, околу два месеци по донесувањето на одлуката, започна работата на комисијата, што треба да го спроведе овој проект од социјално значење, кој пред се ќе им биде од важност на родителите во општината.

Грижата за децата во Општина Кавадарци е еден од приоритетите. Комисијата што ќе го изготви Предлог-Правилникот за ослободување од партиципација е составена од членови кои конструктивно ја застапуваат социјалната политика во Кавадарци, без разлика на политичката позадина. – напиша на Фејсбук, советникот од Левица, Круме Богевски.