АктуелноЛокално

ЛО Левица Штип оддаде почит на Вера Циривири Трена

  • Соопштение на ЛО Левица -Штип

Бугарските окупаторски власти (,,администратори”) давале 20.000 лева за да ја фатат жива.

По партиска задача заминала за Штип, каде што во ноќта на 15 јули 1944 година, од бугарската полиција била блокирана куќата во која се наоѓала.

Вера боса почнала да бега кон соседните куќи, но никој не ù одговорил на молбите да се скрие. Во моментот кога го прескокнувала ѕидот на оградата од некоја куќа, паднала погодена од полициските агенти, кои ја гонеле.

За да не се предаде жива во рацете на бугарскиот непријател, Вера се самоубила.

Денес се навршуваат 78 години од загинувањето на Вера Циривири Трена.

Вечна ù слава!

ЛО Левица-Штип