Ако не се прифати предлогот, никој нема да пропадне, другари, освен тие

  • Фејсбук статус на проф. д-р Трајче Стојанов

Во Европа допрва ќе паѓаат премиери, претседатели и влади. Европа влегува во тешка економска, а со тоа и политичка криза, која ќе биде толку сериозна што многу веројатно дека ќе ја загрози, или во најмала рака, темелно ќе ја преструктурира самата ЕУ.

Затоа на ЕУ ѝ се брза со Македонија, затоа што сака да нѐ тргне од врат, оти до Нова година самите нема да знаат што со себе и ние ќе им бидеме најмалиот проблем со кој ќе сакаат да се занимаваат.

Затоа, францускиот предлог има само две (геополитички) цели (важни за нив, не за нас):

1. Да нѐ скинат од врат, а не да почнеме преговори, за барем краткорочно да го стабилизираат теренот кај нас дома, додека тие ги менаџираат далеку поголемите сопствени кризи.

2. Бугарија да ја откинат што порадикално од руската орбита (тие веќе протераа 70 руски дипломати), и со тоа дополнително да го минимизираат евентуалното руско влијание, а ние да им бидеме компензационен плен на Бугарите за тоа откинување. Уште еднаш: ваквиот предлог не е направен ниту да почнеме преговори, а не пак да ги завршиме!

И при вакви околности, ние сме подготвени да дадеме сѐ за ништо!?

А чуму нашите брзаат? Па брзаат затоа што друго немаат што да понудат! А немаат што да понудат, оти се само една банда клептоманска без никакви компетенции, неспособни да спроведат ниту една политика, а кои за еден мандат се натоварија ко брод, државата ја претворија во картел, упропастија и здравство и образование, корумпираа судство, нѐ задолжија, една ќорава инвестиција не донесоа…пепел сѐ направија и сега сме морале у Европата по секоја цена оти ќе сме пропаднеле? Ако не се прифати предлогот, никој нема да пропадне, другари, освен тие! Затоа, No pasarán, до крај!!!!