Илјадници грла секој ден скандираат оставка по улиците – нема да ви помине!
- Фејсбук статус на Весна Кираџиева – член на ЦК на Политичката Партија Левица
Замисли да имаш народ кој со десетици илјади, скоро десет дена, откога минатата сабота почна протестот, маршира секојдневно, на сред лето, кога Скопје е празно, а луѓето се по одмори, а ти да релативизираш и да се оглушиш на овој народ.
Замисли да имаш народ кој скоро десетина дена, гласно вика „НЕ“ за бугаризација на Македонија, отфрлајќи го предлогот на ЕУ, а ти да релативизираш и да се оглушиш на овој народ.
Замисли тој народ да е своеволно секојдневно на улиците, да не е уценуван, да не е платен од соросписки доларчиња, да не е обучуван од странски служби како да се однесува на протести и да вандализира, да не му се заканува партија, ако не се појави на протес, дека ќе лета од работа и замисли, без сето ова, секојдневно, скоро десет дена, ти да имаш полни булевари со искрен македонски народ и ти да се оглушиш на тоа! Тоа ве плаши, знаеме. Народот.
Замисли да имаш километри народ, секој ден на улиците и илјадници грла да ти скандираат „ОСТАВКА, ОСТАВКА“, а ти да релативизираш и да се оглушиш на овој народ. Каков бесчуствителен и бессовесен дебелокожец треба да бидеш, јас не можам да разберам, да нѐ те допре ништо од ова кое својот народ ти го кажува, да вика со денови дека не те сака, дека бара да си одиш, а ти да се оглушиш на тоа?!
Замисли да имаш километри народ, секој ден на улиците и илјадници грла да ти скандираат „НИКОГАШ СЕВЕРНА, САМО МАКЕДОНИЈА“, а ти да релативизираш и да се оглушиш на овој народ.
Замисли да си висока екселенција, дојдена на гости во Македонија, примена со сите почести и ти да излезеш на ОВОЈ народ да му се правиш паметен, дека тој е глупав и не знае што е добро за него и треба ТИ да му кажеш, дека треба ТИ да му се обратиш на народот со отворено писмо и да му посолиш памет со „добронамерен“ совет, да те послуша, дека ТИ висока екселенцијо, знаеш подобро од овој народ што е најдобро за него и што тој сака, дека тој е неписмен и глупав да разбере дека му копаш гроб! Дрскоста твоја империјалистичка, капиталистичка!
Нема да ви помине.
Сепак, ние ќе победиме!