АктуелноЛокално

Апасиев: Ќе го поништат македонскиот јазик по скратена постапка за да не го накршат летниот одмор на ЕУ-бирократите

Пратеникот во Собранието на Република Македонија од редовите на Левица, Димитар Апасиев, јавноста континуирано ја известува за процесите кои се случуваат во органите на државно управување, со цел спроведување на „францускиот предлог“ за бугаризација на Македонија.

Според информациите со кои располага пратеникот, тој на јавноста ѝ ја сподели намерата на Власта „францускиот предлог“ да го прошверцуваат до 20-ти овој месец, од едноставна причина, затоа што од тој датум европските бирократи заминуваат на годишен одмор.

Вошкиве планираат до 20 јули да го поминат францускиов предлог и да се сликаат, ама пазете ја причинава зошто: оти бирократите во Брисел им рекле дека после тој датум заминуваат сите на колективен ОДМОР!? – Напиша Апасиев во објавата на фејсбук.

Пратеникот во продолжение ја констатираше потчинетоста и сервилноста на актуелната Власт, која е спремна да ги распродаде националните интереси, вредности, достоинство како и македонската историја и јазик, само заради отпочнување на преговори со ЕУ, кое никој не го гарантира.

Можете да замислите до кој степен оди нивната сервилност – да поништат македонски јазик по итна постапка, само за да не им го накршат летниот одмор на ЕУ-бирократите.