(Фото) И во Охрид се протестира секој ден во седум

Протестите против бугаризација на Македонија кои се одржуваат секој ден во седум во главниот град на Република Македонија се централен настан во покажувањето на народниот отпор против квислингшката власт која има намера да го протурка „францускиот предлог“ за демакедонизација на Македонија.

Претходно, во петокот протестите и протестните маршови кои се одржуваа во Скопје, во главно пред клучните институции кои го туркаат овој процес: Владата, МНР, Министерство за правда и Собранието на РМ, беа продолжени со блокирање на неколку регионални патишра ширум државата.

Она, како информација што не допре до пошироката јавност е дека вакви протести се одржуваат секојдневно во Охрид, кои самостојно ги организира помала група граѓани, водени пред се од активистите на Локалниот огранок на Левица во овој град.

Иако, бројт на луѓе кои протестираат е значително помал во однос на она што се случува во главниот град, сепак, пораката е јасно испратена, затоа што не е важно колкумина се на протестот, важно е за што тие се борат, а овој пат како мнозината Македонци, тие се на вистинската страна.

Охриѓани си имаат и свои пароли: „Не за ЕУ не за Северна“, „Македонските учебници нема да ги пишуваат во бугарски двор“, „македонскиот јази не е фуснота“, „Не благодарам,“ се само дел од паролите на протестирачите, кои иако се помала група, секој ден неуморно застануваат на улица да го искажат својот револт.