OMO Илинден Пирин: На Македонија и се подготвува огромно предавство
- Соопштение на забранетата македонска политичка партија во Бугарија OMO Илинден Пирин
Бугарските медиуми го објавија протоколот кој го крие предавничката македонска власт од народот. На Македонија и се подготвува огромно предавство:
1. Протоколот е составен од преговарачка рамка, за која двете страни се договориле да биде криена од народот, значи го лажат народот дека протоколот е само формален, тоа што е јасно е дека нема да има датум, Македонија нема да добие датум се додека не ги исполни бугарските услови од протоколот!
2. Македонија нема да ги почне преговорите со ЕУ додека не го смени Уставот, при што се бара Бугарите да бидат внесени како државотворна заедница а не како малцинство!
3. Македонија нема да добие датум се додека не ги смени учебниците под контрола на Бугарија, односно се додека не ја бугаризира својата историја!
4. Македонија нема да добие датум се додека не ги смени написите на спомениците, односно македонските херои да бидат запишани како бугарски!
5. Договорено е откако предавничката власт ќе го потпише протоколот, да биде организирана фото сесија на Ковачевски и Османи во Брисел, за да се фалат пред народот дека добиле датум, а потоа Македонија ќе мора да ги исполни сите бугарски ултиматуми наместо да работи на реални европски стандарди!
6. Во текстот на преговарачката рамка која треба да ја усвои македонското собрание, ќе биде изоставен делот за македонскиот како дијалект на бугарскиот јазик, за да нема револт, па потоа ќе биде обелоденето дека е прифатено да биде дијалект на бугарскиот јазик, преку декларации (затоа Османи цело време го лаже народот дека јазикот е обезбеден и дека предлогот не задира во идентитетот, а всушност е договорено да ги објават декларациите подоцна).
7. Дополнително, дури и ако во преговорите меѓу страните се постигне договор за сите теми и овој договор се потпише, останува обврската на државите да продолжат да водат нови состаноци на комисијата, и можноста да се потпишуваат нови протоколи, во кои е можно да се вметне постигнатиот договор за нови теми кои моментално не се во преден план.
Каде одиш Македонијо?