АктуелноСтав

Апасиев: Колективниот Запад пропаѓа – ќе заврши бетер од Југославија!

Лидерот на Политичката Партија ЛЕВИЦА и пратеник во македонското Собрание, Димитар Апасиев, преку објава на фејсбук му предвиде распад на Колективниот Запад сличен како оној од судбината на Југославија. Апасиев, причините за ваквата траекторија на политичкиот поредок на Западот ги гледа во тоа што земјите под влијание на САД ги губат основните цивилизациски вредности и придобивки и генерираат огромната класна раслоеност и сиромаштија пропратена со сурова бруталност на безбедносните сили на САД ширум светот но и во рамките на САД.

Подолу ви го пренесуваме фејсбук постот во целост:

Му нема спас, другари. Тоа е духот на Историјата. Само ако си платен сороспија тоа не го гледаш… Се забранува абортус, се држат невини луѓе со години во самици во Гвантанамо без обвинение и без право на одбрана, се екстрадира новинар кој откри воени злосторства во Ирак и Авганистан – за да скапе доживотно у затвор, се пука секојдневно по школи, плоштади и кафичи, се замрзнуваат имоти на странци и странски државни резерви без судска одлука, се цензурираат медиуми, се зголемуваат класните разлики и бројот на бездомници, се воскреснува неонацизам…

Никакви цивилизирани правила веќе не важат. Ццццц, жал ме фаќа, искрено. Каков цивилизациски колапс! Каде ли само исчезнаа вредностите на хуманизмот и Ренесансата!?

Ќе завршите бетер од Југославија.