Вандализиран Мостарски мавзолеј – партизанските гробишта
- Фејсбук статус на Амар Мециновиќ, Портпарол на Политичката партија Левица
Вчера, како никогаш досега, беше вандализиран прекрасниот Мостарски мавзолеј – партизанските гробишта.
Над 600 плочи биле искршени, кои симболизираат 630 мостарски партизани кои го загубиле својот живот во Народно-ослободителната војна.
Во исто време, во Битола се вандализираше спомен обележјето на Сојузот на борци во Втората светска војна, токму во градот каде никна културниот клуб “Ванчо Михајлов”.
Контекстот, покрај времето, на двата чина е ист. Усташите на Анте Павелић и врховистите на Ванчо, како и нивните сегашни деривати, се непријатели на националната и социјалната слобода на народите.
На нивната сродност, ние имаме одговор сочинет во нашата суштина која е единствена – антифашистичка.