Сијарто: Светот не се врти само околу ЕУ и САД

На САД и Европа им недостасува почит кон другите држави, а унгарската политика е високо почитувана од повеќето земји, изјави унгарскиот Министер за надворешни работи и надворешни економски односи, Петер Сијарто.

„Светот не се состои само од САД и Европа… Атмосферата во светот надвор од САД и ЕУ е сосема поинаква од она за што пишуваат либералните медиуми тука во Европа. Наративите кои ги наметнуваат САД и ЕУ во одредени земји целосно пропаѓаат. Унгарската надворешна политика во многу земји ужива сериозна почит“, изјави Сијарто.

За време на својот говор на јавниот форум „Транзит“ во градот Тихани, министерот истакна дека светот сериозно ги сфаќа оние држави што зборуваат искрено и директно и што постапуваат во согласност со националните интереси.

„Ние, Унгарците, нашата надворешна политика ја базираме на заемно почитување. Градиме надворешна политика да не им кажуваме на другите земји што да прават, да не ги учиме другите, да не зборуваме за другите земји на начинот на кој амбасадорот на САД зборува за нас во Сенатот“, рече Сијарто.

Еден ден претходно, радиото Спутник објави дека рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров оцени дека политиката која ја води Западот ги дели земјите од светот на „исклучителни“ и „останатите“.