АктуелноИнтервјуЛокалноСтав

Разноликоста на Левица е резултат на нејзиното ширење како средна политичка партија

Амар Мециновиќ, портпаролот на Левица, во дебатната емисија „Само вистина“ имаше свое излагање кое се однесува на ширењето на партијата како и легитимитетот на моменталната Влада. Во прилог Ви го пренесуваме неговиот став по ова прашање.

„После локалните избори, политиката на Левица е влезена во разноликост, затоа што тоа е природно за ширење на политичката партија – која влегува во стадиум на средна политичка партија. Нешто што ние сме го немале многу долго во политичката култура и во плурализмот.

Јас би потсетил за каква влада се работи. Од 2016 до 2020 година, таа влада дојде на ветување за процесуирање на криминалите од претходната влада. И во тие четири години, ги погази сите можни начела на кои дојде и на кои се постави политички. Тие изгубија легитимитет со своите постапки.

При прекројувањето на новата влада, дојде нова влада која зададе само една цел – а тоа е европска цел. Таа нема да се оствари. Нашата конструктивност е затоа што владата нема легитимитет, претходната влада веќе изгуби легитимитет на било каква основа. Јас не сакам да говорам за морални политики, но дури и морална основа изгуби таа влада.

Затоа што сакам да се потсетиме што се случи на 8 септември и што се случи на 2 август.”