АктуелноИнтернационално

Латвија го руши споменикот посветен на борците од Втората светска војна

Латвискиот парламент усвои амандмани со кои се дозволува уривање на споменикот на ослободителите на Рига, објави порталот „Baltnews“ на својот канал Телеграм.

„Пратениците по итна постапка го одобрија предлог-законот со кој се укинува членот од латвиско-рускиот договор за зачувување на меморијалните структури“, – се вели во публикацијата.

Латвискиот парламент го укинал членот 13 од договорот со Русија потпишан 1994 година, во прво и последно читање, што овозможува создавање правна основа за демонтирање на споменикот посветен на оние кои ги дадоа животите во борбата со фашизмот и нацизмот во Втората светска војна, „Споменик на војниците-ослободители“ кој се наоѓа во паркот на главниот град Рига.

За овие измени 70 пратеници гласаа ЗА, 18 беа ПРОТИВ, додека немаше ниту еден ВОЗДРЖАН.

Уривањето на советските споменици е спротивно на договорот меѓу владите на Русија и Латвија за заштита на руските воени пензионери и членовите на нивните семејства кои живеат во Латвија, од 30 април 1994 година. Во членот 13 од документот се наведува:

„Имајќи ја предвид меѓународната практика, латвиската страна обезбедува грижа, подобрување и зачувување на меморијалните структури и местата на масовните гробници на војниците на територијата на Република Латвија“.

По донесувањето на одлуката, веќе на 11 мај, на споменикот дојдоа голем број на жители на Рига, кои донесоа цвеќиња и запалија свеќи. Како што изјави рускиот амбасадор Михаил Ванин, латвиските власти „биле исплашени од степенот на поддршка и благодарност од жителите на Рига кон војниците-ослободители“.

Процесот на уривање на споменикот веќе е отпочнат.