АктуелноЛокалноНастани

КИЦ организира музички настан по повод меѓународниот ден на џезот

Меѓународниот ден на џезот е Меѓународен ден прогласен од Организацијата за образование, наука и култура на Обединетите нации (UNESCO) во 2011 година „за да го истакне џезот и неговата дипломатска улога да ги обедини луѓето од сите страни на светот“. Се слави секоја година на 30 април.

Културно информативниот центар – Скопје се придружува кон неговото одбележување со два концерти и тоа Букршлиев / Омерагиќ / Спировски Трио и Георги Шарески Трио. Со овој своевиден мини фестивал, официјално ја започнуваме и годишната концертна програма за оваа година.

Настанот ќе се одржи утре (среда) 27 април 2022, со почеток од 19:19 ч. во КИЦ.