Инвертери и екологија достапна само за богатите

Сосема прикладно е во едно приватизирано, се-за-профит општество, единствената еколошка мерка на Владата да биде индиректно остварување на приход од 10 милиони евра на производителите на клими, наместо национализирање на постоечките и инвестирање во нови централизирани решенија за греење, со што греењето би се направило подостапно за сите и би било решено на подолгорочен план.

И сосема е прикладно, во едно општество каде што сиромашните се лишени од секакво човечко достоинство, истите да се шиканираат и понижуваат со “прогресивната” обланда на одземање на нивните печки на дрва и присилување да потпишат изјави дека нема повеќе да се греат на нееколошки начин.

Прикладно е и, секако, во едно општество каде што зелениот и етичкиот лајфстајл е комодифициран и достапен само на граЏаните со грижа на совест, единствената еколошка мерка да е изгор скапа за оние кои ќе се нафатат да земат субвенциониран инвертер и цела зима да се греат на струјата потребна за тој инвертер.

И најприкладно е во целата приказна што Јани “протестирам против себе” Макрадули во Тевдо стил да ја спомне Данска, земјата која со своите скандинавски соседи најмаестрално ја обвиткува бедата на народот со разно-разни “капитализам со човечки лик”. Бидејќи сето ова е токму тоа: истата нехумана и полна со противречности реалност, но овојпат со човечка маска, за дур се давиме во говна, да ни мирисаат на мед.


Фејсбук-статус на Јован Крајевски, член на Президиумот на Левица.