Правда за земјоделците
- Фејсбук статус на Давид Златанов.
Време е земјоделците да се организираат, затоа што децении наназад се газени и угнетувани. Вината колку и да е од другата страна сепак е и кај земјоделците.
Прво нешто кое треба да го сфатиме е дека пред се сме земјоделци а после сè останато. Ова го велам затоа што кога и да протестирале секогаш имало поделби по политичка припадност, едноставно не си го бранеле својот интерес (егзистенција), туку избирале да заќутат и да стојат настрана. Заќутувале и стоеле настрана заради некои кои по цел ден седат во удобните фотелји, некои кои немаат ниту минута почувствувано од земјоделската мака и труд.
Жално е тоа што Министерството за земјоделство ги прашува сите освен земјоделците за реформите и политиките кои ги гласаат и спроведуваат. Дојдени сме во ситуација кога се помалку се тие што работат со земјата затоа што е преголема мака, но и преголемо понижување и манипулирање од страна на фотелјашите и зелената мафија.
Ние не сме ничија играчка за богатење и експлоатирање. Затоа драги мои земјоделци време е да сфатиме дека пред се сме земјоделци а после сме сè останато. Да заборавиме на сите поделби и да се обединиме за наше добро!