Македонија, вчера гласаше за суспендирање на Русија од Советот за човекови права на ОН
Македонија ја продолжува својата деструктивна надворешна политика кон Русија.
Имено, вчера во рамките на Генералното собрание на Обединетите нации (ОН) 93 земји, меѓу кои и Македонија, гласаа за суспендирање на Русија од Советот за човекови права на ОН поради злосторствата во киевското преградие Буча и други места во Украина. Резолуцијата беше иницирана од САД.
Во контекст на ова Бујар Османи од ДУИ на Твитер Напиша дека „Северна Македонија ги осудува „флагрантните и системски прекршувања на човековите права“, објавувавјќи листа од земјите кои гласале за исклучување на Русија.