АктуелноИнтернационално

Петков: Не постои македонско малцинство во Бугарија, ама бугарското ќе биде внесено во Уставот на Македонија

Во интервју за бугарската телевизија „БТВ“ премиерот на источниот сосед Петков кажа дека во Бугарија не постои македонско малцинство и нагласи дека за такво малцинство дури не може ниту да се зборува.

На прашањето дали разговарал со претставници на американската амбасада во Софија за признавање на македонското малцинство во Бугарија, Петков одговори остро и децидно:

„Никогаш, никогаш. Нема такво малцинство и за такво малцинство дури не може да се зборува. Треба да го кажам јасно за сите гледачи, по таа тема има целосен консензус, за таа тема дури и не може да се водат дискусии.“

Подоцна во интервјуто тој беше запрашан за какви компромиси е спремна бугарската страна, тој одговори:

„Бугарија може да биде иницијатор за стартување на линијата Софија-Скопје. Компромисот е кој ќе ја организира, тој и да ја финансира таа линија.“

По ваквите навредливи и потценувачки одговори за македонскиот народ, Петков не заборави да го нагласи барањето бугарите да бидет внесени во македонскиот Устав.

„Сакаме гаранции, кои што секој еден граѓанин на ЕУ треба да ги има, а тоа е нулта толеранција за дискриминација. Сакаме правата на Бугарите таму да се вклучени во уставот.“

Бугарскиот премиер во вторник доаѓа во Скопје, каде ќе се сретне со македонските власти.