Апасиев: Вие ни фрлате амандмани без Северна – ние ќе ви фрламе амандмани со Северна

На вчерашната седница за избор на нова влада, пратеникот од Левица, Димитар Апасиев во контра – реплика на пратеникот од СДСМ, Дарко Каевски, го критикуваше неиздржаниот став на пратеникот од власта и неговото морализирање.

„Од секогаш социјал-демократите ги имале едни од најконтиња ‘омладинци’ и вие не отстапувате од тој образец, Меѓутоа Енгес вели ‘Каква детињaста наивност, вашето незнаење да ми го продавате како теориски аргумент’. Од вашата дискусија гледам дека имате став ама немате поима.“

Лидерот на Левица на собраниската говорница кажа дека за сите преседани кои ги прави моменталната власт десеткратно ќе ѝ биде вратено.

„Ние учиме од вашите преседани и не си ги врзуваме рацете и тоа му го имаме кажано и на спикерот. Сите ваши преседани десеткратно повеќе ќе ви ги вратиме кога ќе бидете во опозиција!

На крајот од контра-репликата, пратеникот истакна дека за секој потег на власта ќе следи реципроцитетен одговор.

„Тоа значи, ако вие сте носеле во скафандери, нормално и опозицијата да носи после тоа во скафандери. Не сме ние светци, па вие ќе ми држите морал кога вас ви одговара. Ќе ни фрлате амандмани без Северна, ќе ви фрламе амандмани со Северна. Тоа е реципроцитетот.”