Новковска: Пописот го сведува македонскиот народ на севрномакедонска етничка група
Поранешната директорка на Државниот завод за статистика Благица Новковска, која одби да го потпише пописниот фалсификат спроведуван во 2002 година, смета дека од пописот постојат само статистички термини како финта за да се ,,продадат“ резултатите и влезат во меѓународните бази, чија цел е македонскиот народ да биде сведен на севрномакедонска етничка група.
Универзитетскиот професор и експерт за статистика на својот фејсбук профил напиша:
„Да биде јасно, ова е т.н попис и нема ништо статистичко во него освен користење на статистички термини како финта за да се ,,продадат“ потоа резултатите и влезат во меѓународните бази. По која цена, не знам. Да биде ептем јасно: ова е попис на етничките заедници во нивната земја, вклучувајќи ја и ново создадената етничка заедница – северомакедонци. Затоа е исклучен македонскиот народ.“