АктуелноЛокално

Апасиев: Над 200 претставки против јавни обвинители, а ниту еден разрешен?!

Статус на претседателот и пратеник на Левица, проф.др Димитар Апасиев


„Ај малку од струката…
Пред пратениците пристигна Годишниот извештај за работата на Советот на јавни обвинители за 2020. Од него може да се заклучат следниве скокотливи податоци:
– за разлика од судиите (каде што има „технолошки вишок“ од над 250 судии), кај обвинителите имаме кусок на стручен кадар: во цела држава има потреба од околу 260 обвинители, а има вработено само 190 [значи, фалат ок. 70 души];
– минатата година си заминале 15, а биле вработени само 4 обвинители;
– обвинителската функција е претежно женска професија (над 55% од обвинителите во РМ се жени);
– во цела Република нема ниту еден обвинител Ром;
– Советот на ЈО, цела година, одржал само 21 седница [значи нема ни два пати месечно];
– и најшокантното: иако имало над 200 претставки против обвинители, ниту еден од нив не е разрешен од функцијата поради „нестручно и несовесно работење“!?”