[Видео] Со дофрлања и обвинувања за национализам Левица ја прекина седницата за Законот за државјанство
После земањето збор од пратеникот Димитар Апасиев, во тензична атмосфера и дофрлања за нацизам од пратениците на тн албански блок, беше прекината расправата за предлог-Законот за државјанства!
Елми Азири, пратеник од Алијанса на Албанците, со закани кон Апасиев дека ако не се задржувал на темата на амандманот, ќе биде прекинат. Биле тормозени со часови, дофрли пратеникот на Алтернатива, Хусни Исмаили.
„Значи цело време јас не ви читам поезија за разлика од некои кои читаат. Јас ви зборувам на правни теми поврзани со државјанство и се држам до темата. Ве молам не ми упаѓајте во збор, претседателе овозможете ми услови за дискусија”, одговори Апасиев.
Во триесет години парламентарна демократија не се случило одземање на збор пратеник на комисиска расправа. На ист ваков начин Талат Џафери го блокираше Законот за бранители.
„Не можеш да го прекинеш, како ќе го прекинеш? На сила ли ќе го прекинеш? Како што се носи законот на сила, така и можда и ќе се прекине на сила.
И ова е демократска процедура. Носење на закон зад затворени врати не е демократска процедура.”„Па вие не’ тормозевте со месеци и го криевте законот, ги криевте амандманите. Јас не знам што треба да се носи и сега сакате да не; ставите пред свршен чин.”, се надоврза на дискусијата пратеникот на Левица, Борислав Крмов.
„Национализмот? Ако збориме за национализам, треба да се погледнете во огледало малце. И што бевте на протестите за „Монструм” и сите тие работи. Да не ги отвараме ќе биде подобро … кој бил националист кој не бил.”, одговори Крмов на навредите за национализам и нацизам.