Левица – Битола: И битолската болница го користела забранетото токсично масло под називот „мазут”

Date:

Битолскиот огранок на политичката партија Левица реагираше дека битослката болница „Трифун Пановски” набавила 700 тони од забранетото масло, додека директор на болницата од СДСМ бил Зоран Лазаров. Од таму потсетија дека моментално Зоран Лазаров е во бегство во странство поради судски процес против него за извршена проневера.


„Битола, како најзагаден град во регионот со највисока стапка на смртност од канцерогени заболувања, дополнително се загадува од страна на државната клиника „Др. Трифун Пановски”, која користела и се’ уште користи токсично прегорено масло под називот „мазут” за греење.

На ден 17.06.2018 година, тогашниот директор од СДСM, Зоран Лазаров, преку ДООЕЛ ЕВРОТИМ ГДС – Кичево, набавил 700 тoни токсично масло по цена утврдена од регулаторна комисија во тендерска вредност од 12.750.000 денари. Потсетуваме дека Зоран Лазаров е во бегство во странство поради судски процес за извршена проневера. Потрошени се вртоглави тендерски сум за токсично масло што предизвикува канцерогени болести, наместо за гасификација на болниците, со кои ќе се заштити задравјето на битолчани, кои дополнително се трујат од РЕК Битола.

Во Битола преовладува токсична средина, каде што локалната и централната власт на СДСМ не се грижи воопшто за здравјето на граѓаните. Напротив, овој град кој е во подножјето на Пелистер како синоним за чист воздух, е свиен во црн канцероген облак.

Да не се занемарат оние кои пружиле иницијатива за почист воздух во Битола, а истите биле задушени од општинската власт за лични профитерски интереси. Како што градот плаќал во жртви за неговото системско уништување и труење од страна на естаблишментот, голема ке биде и одговорноста за последиците кои ќе бидат наплатени од жителите на овој град.

Битола нема да заборави!”

Share post:

Subscribe

spot_imgspot_img

Popular

More like this
Related

Мизар – Звукот на историјата ќе продолжи да резонира во 2025

Интервју со Пеце Китаноски, басист на легендарниот македонски рок...

Ацо Шопов – Еден век поетска величина

Денес се одбележуваат 101 година од раѓањето на Ацо...

Левица: Со 58 пратеника ДПМНЕ клекна пред ВРЕДИ и ДУИ и го повлече Законот за интонирање на химната

Откако ДПМНЕ со фанфари најавуваше интонирање на македонската химна...