Герила акција на Црвена Младина против реформите на Мила Царовска

„ВЕЧЕН НЕКА Е ДЕНОТ НА МАКЕДОНСКИТЕ СЛОВЕНСКИ ПРОСВЕТИТЕЛИ

Ги чувствувате слоганите кои ги испишавме пред училиштата, нели?Знаете дека е вистина дека нацијата со најголема историја во насока на писменоста е окупирана! Драги наставници, професори, учители и просветители, нека е среќен празникот на оние кои ги поставиле темелите на писменоста во словенските простори. Нека е вечен празникот на оние кои ВАМ ВИ ГО ОСТАВИЈА АМАНЕТОТ да описменувате, да го осветлува патот на младите МАКЕДОНЦИ, на младите СЛОВЕНИ!

Утре кога ќе одите на работа, кога ќе го минувате прагот на училиштата, прочитајте што ВИ ПОРАЧУВАМЕ! Ви порачуваме и да не подголтнувате, кога знаете колку не уништуваат “РЕФОРМИТЕ НА МИЛА”, кога знаете колку вреди Вашата професија, кога Ви е толку тешко да постојано Ве газат!

Кога знаете дека Ве искористуваат и дека сте дел од распаѓањето на една култура, од уништувањето на МАКЕДОНШТИНАТА! Вие сте алатка, драги просветители, имате платформа која доколку ја искористите правилно ќе оставите вечен белег на маса од народ, а доколку не ја искористувате правилно дополнително придонесувате на трулежот во системот!