АктуелноЛокално

Струмица, град на култура со директор – фискултурец

Се сеќавате ли Вие во Општина Струмица кога доаѓав да ви се жалам на состојбата во НУЦК и на моите три години понижување, кога доаѓав да барам помош од вас? Нема да пишувам детали во врска со моето искуство затоа што имам впечаток дека сите знаат сè.

Е па, јас, Општина Струмицо, не сум близок роднина на најголемиот театарски авторитет во Македонија, оти имаме такви примери, не сум ни партиски љубимец…

Разговарав со почитуваниот татко на градот и со други општински вујчовци и добив морална поддршка. Колку е лесно да се даде морална поддршка, нели?

И тогаш ми пукна филмот од сите фактори комплет и решив да отворам војна. Така, еден убав сончев и студен ден во месец март 2020та година застанав со транспарент „Министерство за култура или мафија“ пред Министерството за култура и пред Владата.

Како што знаете, после долготрајна борба, многу испукани куршуми, труд, време, пари, нерви, здравје, го натерав Министерството да распише конкурс за директор и да ја прекине конечно таа понижувачка ситуација за Струмица со долгомандатниот в.д. директор.

И сè тоа за да се постави фискултурец што ги натера глумците од театарот тоа да го разберат како врв на понижувањето на НУЦК и да тргнат во одбрана на својот интегритет и достоинство и веќе сто дена водат војна, поддржана од сите културни дејци и љубители кои тоа го сметаме за понижување.

И наеднаш, Струмица град на културата! Зошто е тоа така? Што ви значи тоа? Да погодуваме? Сакате да ја унапредите културата во Струмица или што? Многу ви е важна културата? Навистина?

Па, зошто не излеговте со јавна осуда спрема в.д. директорот и фискултурецот и да кажете дека тоа е на штета на културата во Струмица? Тоа нè се гледа од Марс? Не сте вие виновни? Различни правни субјекти? Не ги ставивте вие? Иста партија сте? Не знаеме во која држава живееме?
80 % финансира Струмица? 12 милиони денари? Односно, 200 000 евра? Така станавме град на културата? Нема морална подршка, а? Има пари? Зошто го правите тоа? Се ближат избори?

Зарем од страна не делува како да сакате да му дадете поддршка на фискултурецот кој се наоѓа во сложена ситуација? А и некои други фактори, можеби, се наоѓаат во сложена ситуација? Но дали е тоа така, можеби грешам, нека проценат нашите сограѓани.

Општина Струмица станува град на културата кога незадоволните, револтирани, гневни чинители на културата во Струмица, со својот отпор, прават своевидна револуција на ниво на Македонија? Можеби сум грешка?! Нека се изјаснат нашите сограѓани!
Многу ви значи културата, па поднесувате таква жртва? Или имате латентен, попрозаистички мотив зошто го правите тоа?

Па, можеби е крајно време да се организира една убава јавна дебата на која ќе присуствуваат Премиерот, Министерката, Градоначалникот, културните работници од градот, фискултурецот, струмичките претседатели на партиите, националните телевизии, ТВ ВИС…

Зошто да не биде тоа прв настан на Струмица како град на културата? Знаете колку е важна таква дебата за да се решат проблемите во културата, нели?

За мото на настанот, па и за Струмица – град на културата го предлагам насловот на текстот.

Статус на Струмичкиот драмски писател, Митко Бојаџиски



СО ФИСКУЛТУРА ДО ГРАД НА КУЛТУРА Се сеќавате ли Вие во Општина Струмица кога доаѓав да ви се жалам на состојбата во…

Posted by Mitko Bojadjiski on Friday, May 7, 2021