Левица: Биографиите на новоназначените амбасадори се недостапни за јавноста!
Во целост ја пренесуваме реакцијата на Левица – Сектор за Надворешна Политика и Безбедност
„Минатата недела Претседателот на Републиката имаше средба со новоназначените амбасадори. Дипломатски претставници од страна на оваа власт беа назначувани и во неколку наврати претходно, но, нивните биографии не се достани за јавноста и покрај обврската на МНР. Се поставува прашањето ЗОШТО?
Според информациите кои можат да се најдат на електронските медиуми дел од овие амбасадори биле апологети на власта кои агитирале и пропагирале за промена на уставното име на Република Македонија. Најголем дел од нив се приврзаници на владејачката партија, додека некои од нив претходно биле блиски и до други политички партии а, има и такви кои вложиле големи средства во финансирањето на својата матична партија. Згора на сето ова, голем дел од амбасадорите немаат политичко ниту дипломатско образование.
Согласно ваквиот сплет на околности останува нејасно кои се критериумите за назначување на дипломатски претставници, додека необјавувањето на биографиите од страна на МНР буди дополнителни сомнежи за компетентноста и стручноста на новите дипломати.”
БИОГРАФИИТЕ НА НОВОНАЗНАЧЕНИТЕ АМБАСАДОРИ СЕ НЕДОСТАПНИ ЗА ЈАВНОСТА!!! Минатата недела Претседателот на Републиката…
Posted by Левица – Сектор за Надворешна Политика и Безбедност on Saturday, March 20, 2021