АктуелноЛокално

Oд 530 милиoни од EУ, за Maкедонија нула евpa за спpaвyвaње со кopoната

Македонија нема да добие ниту евро од Европската унија за справување со короната. Помош од 530 милиони евра ќе добијат речиси сите земји членки и кандидати, но не и нашата земја.

Знамето на Македонија го нема меѓу земјите што ги наведе првиот човек на Европска Комисија / Урсула Дер Лајен.

Комисијата предлага 530 милиони евра финансиска поддршка во рамките на Фондот за солидарност за итни мерки, поврзани со здравјето во борбата против Ковид во 17 земји-членки + три земји/кандидати, односно Србија, Албанија и Црна Гора.

Ова е конкретна демонстрација на европската солидарност во тешки времиња, објави Елиса Фереира од Европската комисија.