Судот во Бразил ги поништи кривичните пресуди против екс-претседателот Лула да Силва
Врховниот суд на Бразил во понеделникот ги поништи кривичните пресуди против поранешниот левичарски претседател Луиз Инасио Лула да Силва. Во пресудата се наведува дека судот во Куритиба кој го осуди поранешниот претседател немал овластување да го стори тоа. Во неочекуваната одлука, судијата Едсон Фачин рече дека тој мора да биде суден пред федералните судови во главниот град Бразилија.
Оваа пресуда ја поништува забраната за учество на избори која ја имаше поранешниот шеф на државата. Со оваа одлука, судот ги врати неговите политички права пред изборите закажани за 2022 година, решение кое овозможува популарниот политичар да учествува на претседателските избори.
Блумберг, повикувајќи се на истражувања, пишува дека Луис Инасио Лула да Силва може да го победи актуелниот претседател Болсонаро на следните претседателски избори. Истражувањето на „Ипек“ за електоралната подршка на потенцијалните претседателски кандидати покажа дека 50% од анкетираните би гласале за Лулу да Силва и само 38% за Болсонаро.
Лула да Силва стана првиот екс-претседател на Бразил кој бил затворен по кривично судење за обвиненија за корупција и перење пари. Обвинителството тврди дека градежната компанија ОАС го реновирала станот на претседателот во одморалиштето Гваруја. Реновирањето чинеше 342 илјади американски долари, а во замена за ова, поранешниот претседател на земјата и помогна на ОАС да склучи профитабилни договори со државната компанија „Петробрас“.
Во април 2019 година, Врховниот суд на Бразил ја намали казната затвор на политичарот од 13 години на 8 години и 10 месеци. Подоцна, тој беше ослободен од притвор. Поранешниот шеф на државата ги отфрли сите обвинувања, нарекувајќи ги политички мотивирани.
Лула го водеше Бразил од 2003 до 2011 година. Тој, исто така, ја основа популарната левичарска Работничка Партија. Лула да Силва планираше да се кандидира за претседателските избори во 2018 година, но поради апсењето и обвиненијата законски не беше во можност да го стори тоа.