АктуелноЛокално

Богоевски: Природно е да настапуваме со доза на скептичност, затоа што сме сведоци на приказни како Субрата Рој

На денешната седница на Советот на Општина Кавадарци, беше донесена одлука за продажба на одлучувачки дел од акциите на ГФК „Тиквеш“ на приватен инвеститор. Додека мнозинството советници ја поддржаа иницијативата, единствено Политичката партија Левица, преку својот советник Круме Богевски, настапи со јасно изразена претпазливост и критика.

Богевски укажа на неколку суштински проблеми поврзани со досегашното финансирање на клубот и предупреди на потенцијални злоупотреби при новото приватно управување:

„За Левица најважно е конечно парите од државното финансирање за младинските школи да бидат искористувани за развој на младинците, наместо за исплаќање на плати, додека родителите сами мора да финансираат тренинзи, опрема и превоз за младинците!“, истакна Богевски.

Тој потенцираше и дека зачувувањето на името „ГФК Тиквеш“ не смее да биде единствен критериум, туку и заштитата на клубот од коруптивни практики и политички игри во сенка:

„Важно ни е истото да не биде валкано со заткулисни игри кои вклучуваат поткуп!“

Левица изрази скепса кон процесот и потенцијалната улога на странски инвеститори во спортскиот сектор, потсетувајќи на контроверзни проекти од минатото:

„Природно е на секоја странска инвестиција во Македонија да настапуваме со доза на скептичност, затоа што сме сведоци на приказни како ‘Субрата Рој’ кој беше промовиран дека ќе инвестира во непостоечки мегапроект во 2013 година!“

Советникот заврши со јасна идеолошка позиција против приватизација на јавни добра:

„Идеолошки сум против продажба на било какво јавно добро и на државен имот“, рече Богевски, најавувајќи дека Левица ќе го следи одблиску новиот менаџмент на клубот, „за да се спречат манипулации со јавното добро кое ќе биде наскоро менаџирано доминантно од приватен стопанственик“.

Z P

Zvezdanka Pesikj