АктуелноЛокално

Традиционалната изложба „Четирите мајстори на модернизмот“ во КИЦ

Во Вторник 20-ти мај, со почеток од 20 часот во Културно информативен центар – Скопје- Империјал 2 ќе се отвори традиционалната изложба „Четирите мајстори на модернизмот“ на која учествуваат студентите од четврта година на Факултетот за ликовни уметности – Скопје на Студиската програма за сликарство.
Оваа изложба е воспоставена во чест на основоположниците на Факултетот за ликовни уметности од Катедрата за сликарство, професорите Петар Мазев, Родољуб Анастасов, Димитар Кондовски и Душан Перчинков.
Учесници се Андреј Антевски, Ана Томовска, Благица Трајкоска, Горазд Николовски, Елена Стојкова, Ема Теовска, Марија Ќурчиева, Марија Нешкоска, Павел Бучковски, Христијан Петровски, ќе излага и Хорхе Триано (еразмус студент), од класата на проф. Благоја Маневски од прва до трета година и проф. Ангел Миов во четврта година