ЕВН ги претвори сметките за струја во легализиран грабеж – 15.000 поплаки, регулаторна ни да мрдне
Илјадници семејства во Македонија живеат со страв од нова сметка, ЕВН Хоум продолжува да си тера бизнис како господар на енергијата, а не како јавен сервис. За само два месеци – декември 2024 и јануари 2025 – над 15.000 граѓани се пожалиле на енормни и сомнително пресметани сметки. Од нив, 85% биле отфрлени како наводно точно пресметани. Кој одлучува дека се точни? Па, истата таа ЕВН – судија, обвинител и џелат во исто време.
Регулаторната комисија? Комично пасивна. До крајот на февруари добила уште 345 поплаки, а ефектот е речиси нула. Додека тие „разгледуваат“, народот се мачи да плати. Се жалат луѓето на недоставени фактури, дупли наплати, камати, тужби, невозможни услови за промена на договор… И сето тоа во монопол каде што нема алтернатива – или ќе платиш, или ќе останеш без струја.
И токму тоа се случува – исклучувања на илјадници домаќинства. Само во 2024 година, речиси 100.000 корисници биле исклучени од мрежата поради долгови. Од сиромаштија – не од „недисциплина“. Но никој во ЕВН не одговара. Ниту пак од Владата, која дозволи оваа приватна австриска фирма да си гази по грбот на народот и да профитира од бедата.
Додека пензионерите штедат за да си платат сметка, а студентите се греат со ќебиња, ЕВН наплаќа струја како да е луксузен артикл. Ова не е пазарна економија – ова е енергетска диктатура. Ако ова не е пљачка, тогаш што е?