АктуелноЛокално

(Вознемирувачки фотографии) „Support Kocani“: Медицинските лица немаат каде да ги мијат и третираат раните на повредените!

Организацијата „Support Kocani“, која им помага на повредените од „Пулс“, алармира дека пациентите кои се вратиле со отворени рани, не можат да бидат третирани во кочанската болница. Доцна синоќа, тие објавија и фотографии од ужасните повреди на нивните сограѓани. Посочуваат дека тоа е вистината за повредените и дека ќе продолжат со такви објави, со цел, државата да преземе одговорност.

„Ове е вистината за повредените. Повредените во нашата болница ги пречекале со отворени рани. Медицинските лица немаат каде да ги мијат и третираат раните. Хипербаричната комора се уште не е во употреба“, стоеше во кусата објава на организацијата.

Скопје1“ побара одговори од Министерството за здравство, зошто не се обезбедени услови за третирање, како и зошто комората не е во употреба, а потоа прашавме дали има доволно персонал и соодветна апаратура за третирање на повредените. Штом добиеме одговори, ќе ги проследиме.

Во меѓувреме, од „Support Kocani“, споделија две вознемирувачки фотографии.

„Во следните денови редовно ќе споделуваме сведоштва од повредените и нивните најблиски. Фотографии од раните. Доколку не можете да гледате експлицитна содржина, можете да го отследите профилот, бидеќи за жал, ова е реалноста во Кочани“.

Веста е превземена од Скопје1