Став

Исмаил: 9 Мај – Дена на Европа vs. Денот на победата

  • Фејсбук статус на Реџеп Исмаил (Хактан)

Ваква дилема не постои кај европЉаните, но нашите пиљјарски интелектуалци, во обид да се додворат на нивните господари на потсвеста, ќе крикнат дека се работи за „два различни празници“, кобожем немат врска еден со друг. И после таквиот крик следува нивната интелектуална дијареа за „Европската заедница за јаглен и челик“, „Обединета европа“, бла бла бла…

Драги мои соборци, потомци на борците против наци-фашистичкото евроспко зло, НИШТО ОД ОВА НЕ Е ТОЧНО, туку сето ова е дел од идеологијата со намера за ревизија на историјата како цел за оправдување на денешниот темен нагон на нео-фашистичка Европа!

Прво, во ЕУ не постои официјален празник „Ден на Европа“, а не постои пак ни Ден на борбата против фашизмот. Денот на Европа е измислен од подоцнежна повоена Европа само и единствено за да се релативизира ентифашистичката борба и да се испере срамното минато на европските народи, а и да се оправда нивниот денешен империјализам.

Второ, 8 мај е денот кога западните сојузници го одбележуваат крајот на Втората светска војна во Европа (VE Day – Victory in Europe Day), но тој не е празник на ЕУ. Тој се одбележува одделно и невоедначено, практично ПР маневар на Винстон Черчил.

ЕУ никогаш не посветила ден на борбата против фашизмот, НАПРОТИВ, во согласност со намерата да се релативизира антифашистката борба, од 2009 година Европскиот парламент интензивно го промовира 23 август како „Европски ден на сеќавање на жртвите на тоталитаризмот“, преку кој и официјално, преку декларација, се изедначуваат наци-фашизмот со комунизмот и социјализмот, изедначувајќи го агресорот со оној кој му се спротивставил.

Впрочем, вие добро и знаете која е разликата, едните, постарите како жители на Југославија, каде 9 Мај бил официјален празник и се славел како што доликува, а помладите знаете од наездата на фашизмот преку Преспанскиот и Бугарскиот договор.

Слава на хероите!