Сеќавање на 6 мај – Митко Василевски за денот кога братската омраза ја уништи Југославија
Во лична и потресна ретроспектива, Митко Василевски се навраќа на трагичните настани од 6 мај 1991 година во Сплит, сведочејќи за нападот врз регрути на ЈНА и почетокот на распадот на поранешна Југославија низ призмата на сопствено искуство.
„На ,, 6 мај” 1991 се сеќавам како вчера да беше.
Во центарот на Сплит пред издвоен објект на ЈНА, разулавена толпа цивили, предводени од екстремни националисти, отворија оган на регрути на ЈНА кои го обезбедуваа објектот.
Убија еден , ранија друг, а третиот во хорор сцена пробаа да го удават на транспортерот, пред ТВ камери и снимка која молскавично го заврте светот.
Оваа садистичка сцена од Сплит го означи почетокот на братоубиствената војна и формалниот распад на СФРЈ, а народот го доведе во духовна беда во која милитаризмот почна да доминира како опција.
Ранетиот војник беше мој прв комшија и со него тивко имаме разговарано на таа тема.
Да превземеш такви грозоморни дејствија како цивил против регуларните војски на Франција, Северна Кореја, Израел или Мјанмар, мислам дека за мили секунда нема да постоиш.
Официјална СР Хрватска тоа тогаш го прослави, а подоцна со помош на менторите преку Дунав, доби статус на жртва и единствена и ексклузивна вистинска страна во овој ужас.
Латините, Енглезите и Америте после Сплит постепено почнаа да влегуваат во нашите глави.
Жртвите на овој варварски акт по некоја случајност беа Македонци, политичката порака беше испратена до сите Југословени, беше отворена конечно кутијата со духови која 1945 одвај беше затворена.
Наваму веќе се е познато.“
Трауматските спомени од овој крвав пресврт не избледуваат, туку остануваат длабоко врежани како опомена за цената на омразата и распадот на заедничкиот живот.