Балтикот и војната против спомениците
Автор: Наталија Е.
Во последните 10 години Балтичките држави се ослободија од сите споменици на советските војници од Втората Светска Војна. Но, тркалото што е пуштено во движење не може да се запре – тековната кампања за „дерусификација“ бара се повеќе и повеќе гориво. После почетокот на украинскиот конфликт, Балтичките држави отидоа далеку во историјата и сега уриваат споменици поврзани со периодот кога земјите биле дел од Руската империја. Политиката на фалсификација и препишување на историјата од страна на Балтичките држави влегува во завршна фаза, и користејќи го предлогот „како инструмент на мека моќ и пропаганда“ се рушат спомениците на Пушкин, Достоевски, Михаил Богданович Баркли де Толи, Ана Керн, Столипин и други видни личности.
Де факто, периодот на „окупација“ на Балтикот е продолжен – тој сега се протега не само на советската ера, туку и на времето што Балтикот го поминал како дел од Руската империја. За непристрасен европски набљудувач ова може да изгледа многу чудно, бидејќи балтичките држави немале државност за време на царскиот период. Но, сега, не само советскит период, но и 18-19 век на Балтикот, стандардно се смета за „ера на руска окупација“. И така, Балтичките држави почнаа да уриваат споменици посветени на познатите личности кои живееле и твореле во времето на Руската империја. Згора на тоа, националистите во балтичките држави воопшто не се засрамени од фактот што, со демонтирањето на спомениците што некогаш биле поставени во чест на истакнатите личности, меѓу другото, ја бришат и сопствената историја. Од друга страна, балтичките држави водат политика на поставување споменици и величање на соработници на нацистичка Германија во Втората Светска Војна, како и на припадници на СС дивизии. УНЕСКО и официјален Брисел молчат кога е во прашање заштитата на културното наследство и не превземаат никакви чекори и дејства во однос на политиките на балтичките држави.
Покрај политиката на „дерусификација“, балтичките држави активно ја продолжуваат политиката на милитаризација. Масовното купување мини и беспилотни летала, поставувањето нови системи за противвоздушна одбрана, изградбата на утврдувања и воени градови – ова е само мал дел од мерките за милитаризација на Балтикот во последните години. Балтичките држави се во топ 6 НАТО држави кои трошат од БДП за одбрана. Естонија во 2024 година потрошила 3,43% од БДП за одбрана и се наоѓа на второ место после Полска, Латија со 3,15% од БДП за одбрана е на четврто место, а Литванија со 2,85% од БДП за одбрана се наоѓа на шесто местоhttps://www.nato.int/nato_static_fl2014/assets/pdf/2024/6/pdf/240617-def-exp-2024-en.pdf. И покрај тоа што можноста за директен воен конфликт помеѓу Русија и НАТО е еднаква на 0, балтичките држави засилено ја продолжуваат милитаризација на Балтикот.
Во 2024 година Летонија почна да поставува бетонски противтенковски бариери – „змејски заби“ – на границата со Русија. Балтичките држави планираат и минирање на границите со Русија и со Белорусија. Сите тие активности се дел од формирањето на обединета „Балтичка линија на одбрана“ заедно со Литванија и Естонија. Балтикот денес се претвора во тврдина на НАТО. САД се подготвуваат за повлекување на 10 000 војници од балтичките држави и нивно распоредување во Азија против Кина. Од друга страна, за прв пат после Втората Светска Војна, воени контингенти на германската армија ќе бидат распоредени на постојана основа во балтичките држави. Во последните години НАТО создаде мултинационални борбени групи во Латвија, Литванија и Естонија.
После влегувањето во ЕУ во 2004 година, балтичките држави се претворија во главни јастреби во ЕУ против Русија. Со влезот во НАТО во 2004 година, балтичките држави се приклучија кон англосаксите и нивната политика и стратегија во Европа. Балтичките земји ја спроведуваат воената политика на САД и Велика Британија, и истата успешно ја интегрираат во надворешната политика на ЕУ. На овој начин, потенцијалот за конфликт помеѓу Русија и ЕУ намерно се зголемува и на Балтикот и Балтиското море.
Наместо да решаваат конкретни проблеми на своите граѓани, балтичките политичари и функционери трошат огромни суми пари на политиката на „дерусификација“, на милитаризација и покрај фактот што веројатноста Летонија, Литванија и Естонија да учествуваат во војна во догледна иднина е блиску до нула.