АктуелноЛокално

На Онкологија недостасуваат лекови, од таму велат се работи напорно за нивно обезбедување

Во Универзитетската клиника за радиотерапија и онкологија (УКРО). подолго време недостасуваат лекови неопходни за пациентите, во соопштението објавено денес тие велат интензивно се работи на обезбедување на лекови кои недостасуваат.

“Постапката е завршена од страна на ЈЗУ УК за радиотерапија и онкологија. Управна контрола во Бирото за јавни набавки е завршена во рекорден рок”, информираат од УКРО.

Во моментов е активен периодот за приговори и процесот на јавна набавка е во надлежност на Државната комисија за жалби по јавни набавки, објаснуваат од клиниката.

Подвлекуваат дека тимот за јавни набавки на оваа клиника посветено работи на завршување на сите процедури во најкус можен рок, со цел да се склучат договорите со добавувачите и лековите да се достават на клиниката до крајот на оваа седмица.

Од клиниката за МИА прецизираат дека во тек е постапка за вкупно четириесетина артикли, вклучувајќи ги и оние кои во моментов се дефицитарни.

A S

Aleksandar Simonov