АктуелноЛокално

Младинска акција за почиста иднина – Црвена Младина и Зелен сектор на Левица го исчистија Градскиот парк

Во пресрет на Меѓународниот ден на Планетата Земја, позитивен пример на еколошка свест дојде од младинските структури на Левица – Црвена Младина, во соработка со Зелениот сектор на партијата, спроведе акција за чистење во Градскиот парк во Скопје.

Со јасна порака за одговорно однесување кон заедничките зелени простори, активистите покажаа дека грижата за животната средина не е само празна флоскула, туку конкретна практика што почнува од секој поединец.

Ова е уште еден чекор во серија еко-иницијативи што Црвена Младина ги најавува за во иднина. Присуството на отпад во Градскиот парк е алармантно, но акцијата покажа дека со ангажираност и добра организација може да се направи значајна разлика – како во чистењето, така и во подигнувањето на еколошката свест.

Особено охрабрувачки беше фактот што во акцијата се вклучија и случајни минувачи и посетители, што сведочи за сѐ поголемата подготвеност на граѓаните да преземат одговорност за заедничкото добро.

Апелот е јасен да не се уништува зеленилото, отпадот да се фрла во канти, а јавните простори да се користат со почит. Истовремено, активистите упатија порака и до надлежните институции – да обезбедат повеќе корпи за џебен отпад и редовно да се одржуваат функционалните канти.

Во време кога Скопје сѐ повеќе губи од своите зелени површини, ваквите иницијативи претставуваат вистинска свежина и потсетување дека промени се можни, само ако има волја.

Голема благодарност до сите кои учествуваа во акцијата – нивната енергија и ангажман се мотив за сите граѓани. Чистиот воздух и здравата средина не се луксуз, туку право – а за тоа право, младите веќе се на првата линија.

Z P

Zvezdanka Pesikj