Нарко-афера во Битола: Уапсен член на ДПМНЕ со блиски врски до директори, пратеници и раководството на партијата
Во Битола се разгорува политичко-криминален скандал, откако беше уапсен Владислав Станковиќ, осомничен за трговија со наркотици. Според достапните информации, Станковиќ не е само обичен граѓанин, туку активен член на ДПМНЕ, вработен во ЈП „Водовод“ – Битола, и близок со повеќе актуелни директори и политички фигури во градот.
Уапсениот, наводно, веќе извесно време бил дел од локален нарко-клан, чие делување, според неофицијални извори, било добро поврзано со одредени структури на владејачките јавни претпријатија. Се сомнева дека поради внатрешни несогласувања во кланот, Станковиќ „испаднал од играта“ и бил оставен сам да се соочи со правдата.
На фотографии што циркулираат во јавноста, Станковиќ е забележан во блиско друштво со:
- Андреј Гинов, актуелен директор на ЈП „Водовод“, назначен со поддршка од пратеникот Пеце Милевски.
- Николче Котевски, потпретседател на Општинскиот комитет на ДПМНЕ и директор на „ФОД ДООЕЛ“ во рамки на РЕК – Битола.
- Горан Степановски, директор на ЈП „Комуналец“ – Битола.
- Горан Исков, директор на хотелот „Молика“, кој работи под капата на РЕК и ЕЛЕМ, исто така блиско поврзан со политичкиот круг на Милевски.
Врските помеѓу уапсениот и високопозиционирани лица од јавни институции и партиската структура отвораат сериозни прашања за влијанието на политиката во криминалните мрежи.
Случајот засега не е коментиран од страна на ДПМНЕ, а надлежните институции сè уште не излегоа со официјални детали околу истрагата. Сепак, аферата се заканува да ги разниша политичките темели во градот, особено ако се потврдат сомнежите за системска заштита на осомничените.
Останува да се види дали институциите ќе имаат сила и волја да истражат до крај, или и овој случај ќе заврши под тепихот на политичката моќ.
Подолу можете да ја видите фотогалеријата од сите високи функционери на ДПМНЕ кои се сликани со уапсениот дилер:

Сликан со премиерот Мицкоски.

Сликан со директори на јавни претпријатија од Битола.

Сликан со генералниот секретар на ДПМНЕ и нивен пратеник Сајкоски.

Сликан со градоначалникот на Битола и пратеници на ДПМНЕ од Битола.

Сликан со поранешни пратеници на ДПМНЕ.