(Видео) Културниот хаос на Љутков – Велигден без плата за вработените
Додека вработените во Министерството за култура, центрите за социјална работа и други институции под овој ресор останаа без мартовска плата токму за Велигден, министерот за култура Зоран Љутков ја префрла вината врз самите институции, обвинувајќи ги дека не ги подготвиле платите со зголемениот минималец. Овој потег предизвика гнев кај синдикатите и вработените, кои се чувствуваат изневерени и понижени.
Претседателот на УПОЗ, Трпе Деановски, изјави дека се обиделе да добијат одговор зошто платите не се исплатени, но не добиле никаква информација. Дополнително, центарот во Карпош и домот за згрижување на бездомници во Чичино Село останале без струја поради неплатени сметки. Од синдикатот за култура исто така се жалат дека во повеќе нивни институции доцни платата за март, а од Министерството за финансии им било посочено дека се чекаат насоки „од горе“.
Љутков, кој при преземањето на функцијата ветуваше „ресетирање на културата“ и дополнителни 750 милиони денари годишно за културни проекти , сега се соочува со реалноста на доцнење на платите и лошо управување. Неговите ветувања за подобрување на условите во културата остануваат само на хартија, додека вработените се соочуваат со финансиски тешкотии.
Оваа ситуација ја разоткрива контрадикторноста во политиката на Љутков, кој од една страна ветуваше реформи и подобрување, а од друга страна не успева да ги исполни основните обврски кон вработените. Неговото обвинување на институциите за доцнењето на платите е неприфатливо и покажува недостаток на одговорност и лидерство.
Видео превземено од Инфо Ѓорче.