Црвена Младина со најава за еколошка акција: „Започнува зелената револуција!“
Во пресрет на Меѓународниот ден на планетата Земја, младинската организација на Левица – Црвена Младина – ја најави својата нова еколошка иницијатива под мотото „Започнува зелената револуција!“
Акцијата ќе се одржи во понеделник, на 21 април 2025 година, со почеток во 12:00 часот во Градскиот парк. Целта е симболично и практично да се одбележи Денот на планетата Земја преку заедничко чистење на паркот и поттикнување на свеста за заштита на животната средина.
„Да го исчистиме Градскиот парк заедно и да покажеме дека младите се грижат за природата!“, повикуваат од Црвена Младина, охрабрувајќи ги сите заинтересирани млади да се вклучат, да повикаат пријатели и да дадат свој придонес за поздрава и поурбана животна средина.
Од организацијата најавуваат дека ова е само првиот чекор од поширока серија активности поврзани со животната средина, преку кои младите ќе го кренат гласот за почиста, позелена и поодржлива иднина.
Акцијата е отворена за сите граѓани – потребни се само добра волја, енергија и желба за промена.
Повикот на Црвена Младина во продолжение: