АктуелноЛокално

Ѓуровски: Зошто паркингот на Клинички не се финансира од унгарскиот кредит и не остане во сопственост на Градски Паркинг?

Во најнова објава на Фејсбук, активистот, Игор Ѓуровски, упати критика до Владата и премиерските советници во врска со нерешеното прашање за паркингот на Клиничкиот Центар во Скопје.

Ѓуровски прашува дали некому од десетиците советници на премиерот, кои според него земаат плати од 1.000 до 1.500 евра месечно, му „текнало“ дека проблемот со паркирањето на најголемиот здравствен комплекс во државата може да се реши со средства од унгарскиот кредит, кој веќе се користи за други инфраструктурни проекти.

„А паркингот да остане во сопственост на Градски Паркинг?!“ – прашува Ѓуровски, сугерирајќи дека со таков пристап би се избегнале тендерски постапки и можни злоупотреби со провизии.

Оваа реакција доаѓа во време кога јавноста често критикува зголемениот број на владини советници, нивниот придонес во креирањето на политики, како и начинот на кој се трошат државните и заемни средства. Дополнително, прашањето за паркингот на Клинички Центар е долгорочен проблем за граѓаните, пациенти и медицински персонал.

Целата негова објава на Фајсбук во продолжение: