Драма, лаги и местенки – Пензионираниот полицаец од Штип не е во бегство, демантира семејството
Семејството на Сашко Димитров, пензиониран полициски службеник од Штип, категорично демантира дека тој е во бегство, како што беше објавено денеска од страна на Министерството за внатрешни работи (МВР). Социјалните мрежи беа исполнети со шпекулации дека Димитров избегал во странство, но семејството вели дека тоа е апсолутна лагa.
„Како може да се тврди дека е во бегство кога никој од органите на прогонот не го побарал?“, прашува Славче Димитров, син на Сашко. Тој вели дека, и покрај тоа што неговата мајка работи во МВР и цел ден била на работа во Полицијската станица Штип, никој не ја прашал за местото на неговиот татко. „Никој не дојде да праша каде е татко ми“, додава тој во разговор со Инфомакс.
Во врска со обвинувањата дека неговиот татко дал дозвола за паркинг пред дискотеката „Пулс“, Славче објаснува дека паркинг навистина имало во минатото, но дека ситуацијата се променила по неколку години. „Татко ми е повеќе од 4 години во пензија и сега го гонат за нешто што веќе не постои“, изјавува тој.
Сопругата на Сашко, Силвана, раскажува за заканите упатени кон нејзината ќерка, која исто така работи во МВР. Како што вели, од внатрешна контрола на МВР ја побарале ќерка ѝ да ја открие локацијата на татко ѝ, со закана за апсење. „Заканата е пријавена, но наместо кривична пријава, заведен е само поплака“, додава таа. Таа исто така нагласува дека ќе поднесат тужба против оние што шират невистини на социјалните мрежи.
„Мојот маж е во Охрид, одмора како секој пензионер. Ќе оди сам во обвинителството кога ќе му биде побарано“, вели Силвана, додавајќи дека по два пати кога бил повикан од Основното јавно обвинителство, Сашко веќе давал изјави.
МВР и ОЈО претходно соопштија дека Димитров е недостапен за органите на прогонот и дека ќе се преземат сите законски мерки за негово обезбедување. Семејството на Димитров се наоѓа под голем стрес, поради непрекинатите невистини кои се шират на социјалните мрежи, вклучувајќи фотографии и лични информации за нивниот живот и професионални кариери.