Јованов: Според ДПМНЕ одмор во странство е луксуз резервиран само за елитата
Универзитетска професорка Тамара Јованов со ироничен тон ја критикува економската логика на актуелната власт, особено насочувајќи ги критиките кон ДПМНЕ. Во своја објава на социјалните мрежи, таа укажува дека според ставовите на владејачката партија, одмор во странство е привилегија на елитата, додека за обичните граѓани остануваат повеќе работни места и борба за егзистенција.
„Според ДПМНЕ, одмор во странство е само за елитата. Обичните смртници ако сакаат одмор, еве им втора, трета, па оти да не и четврта работа“, напиша Јованов, саркастично алудирајќи на економските политики кои, според неа, ја поттикнуваат сиромаштијата наместо да ја ублажат.
Таа иронично се осврна и на неодамнешната презентација на потрошувачката кошничка за тричлено семејство, која власта ја претстави како референтен модел за основните животни трошоци.
„Отсега натаму дома ќе јадат тројца, а четвртиот ќе мора да фаќа по белиот свет ако сака храна“, вели Јованов, алудирајќи на исклучувањето на реалноста на поголемите семејства од економските модели на владата.
Во пост скриптум, Јованов не ја пропушта шансата да го критикува и владиниот наратив за „време и трпение“, кој често се користи за оправдување на непопуларни мерки.
„П.С. Бидете така, дајте време – ова сè е за доброто на народот“, напиша таа, повторно со доза на иронија.
Оваа објава доаѓа во период на зголемени критики од страна на јавноста и експертите кон економските мерки на владата, особено во однос на трошоците за живот, ниските плати и сè потешката финансиска реалност со која се соочуваат голем дел од граѓаните.
Нејзината објава на Фејсбук ви ја претставуваме во целост: