„Задоцнета реакција“ – Семејствата на загинатите организираат втор протестен марш по трагедијата во Кочани и повикуваат на масовност
Во сабота, 12 април, со почеток од 12:05 часот, во Кочани ќе се одржи втор протестен марш под наслов „Задоцнета реакција“, организиран од семејствата на загинатите во трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“, во кој животот го загубија 61 младо лице, а скоро 200 лица беа повредени.
Маршот ќе започне од Градскиот парк во Кочани и ќе се упати кон Трговскиот центар, Општина Кочани, полицијата и Основниот суд и обвинителството во Кочани.
Семејствата на жртвите ги повикуваат сите граѓани на Македонија да се приклучат и да покажат поддршка на родителите на покојните и почит кон жртвите на трагедијата. Како што истакнаа во писменото соопштение, маршот е организиран исклучиво од страна на семејствата на настраданите и не е поддршка за обезбедувањето. Тие апелираат на почитување на нивната цел и повикаа дека на маршот не треба да се приклучуваат оние кои не го прифаќаат целиот контекст на протестот.
Овој протестен марш е втор по ред, откако минатата сабота скоро илјада кочанчани излегоа на улиците за да дадат поддршка на семејствата на настраданите и да побараат правда за трагедијата во дискотеката „Пулс“.