Крмов – Сѐ освен услов за нов закон и нова методологија е капитулација во старт

Борислав Крмов, пратеник и член на Президиумот, на фејсбук ја коментираше најавената лидерска средба помеѓу Зоран Заев и Христијан Мицкоски:

„Бидејќи е очигледно дека единствениот „услов“, кој ќе биде поставен од ВМРО-ДПМНЕ на лидерската во понеделник, ќе биде вакцинирањето на попишувачите, јас прашувам:

„Дали можеби за бројкиве, за кои до скоро тврдеа дека се договорени, имаат ДАДЕНО АМИН?“.

За ова ли се креваше галама со месеци колку законот е лош и се собраа над 100.000 потписи, а сега законот не се ни споменува?

Сѐ освен услов за НОВ ЗАКОН И НОВА МЕТОДОЛОГИЈА е КАПИТУЛАЦИЈА уште во старт! Толку.“

#НеОтворамВрата

#ДПМНЕКапитулација