Апасиев: Тиранијата на малцинство и неправда во судскиот процес за Теодора Ристовска
Претседателот на Левица, Димитар Апасиев, на својот фејсбук профил остро критикува состојбата во македонското правосудство, поврзана со случајот на прегазената млада девојка, Теодора Ристовска од Тетово. Апасиев во својот статус ги поставува прашањата за етничката пристрасност и селективната примена на правото, поврзувајќи ја ситуацијата со концептот на „тиранија на малцинство“.
„Во мојот професионален живот имам учествувано во преку 600 спорови, а речиси секогаш барем еден или двајца членови на судечките совети биле судии Албанци. Но, што се случува со случајот на прегазената Македонка, Теодора Ристовска? Зошто нема ниту еден Македонец во судскиот совет?“ прашува Апасиев. Тој го критикува фактот што, иако корупцијата е присутна без разлика на етничката припадност, судскиот процес не е фер и не се применуваат исти стандарди за сите етнички групи.
Апасиев потсетува на духот на „Рамковниот договор“, кој требаше да осигура дека нема надгласување и мајоризација по етничка основа, но, според него, во овој случај тоа не се почитува. „Просто, не е фер! Затоа што, ако судот не ја применува правдата исто за сите, се чувствуваме како граѓани од втор ред во сопствената држава“, додава Апасиев.
На крајот, тој ја истакнува неговата загриженост дека правдата во Македонија е селективна и дека животот на младата Македонка е вреднуван само со две години затвор за виновниците. Апасиев ги користи хаштагите #ТрибалистичкоПравосудство и #NiCumEoPacitTalioEsto како дел од својата порака за потребата од правична и недискриминирачка правна држава.
Негоиот статус ви го претставуваме во целост: