Левица бара одговорност за неодговорното чување на 2600 примероци од македонскиот правопис

Повеќе од 2600 примерока од Правописот на македонскиот јазик, издаден во второто издание во 2017 година, седум години се чуваат во несоодветни услови во просториите на Националната универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ (НУБ) во Скопје. Овој скандал беше откриен од актуелниот директор на установата, по што Секторот за култура на Левица бара одговорност од сите претходни директори на НУБ кои, според нив, несовесно работеле и ја затаиле нецелосната реализација на проектот.

„Сенка Наумовска (2017-2018), Фримзим Даути (2018-2021), Јелисавета Костадинова (2021-2022) и Раметула Куќи (2022-2024) – сите тие носат одговорност за несоодветното чување на овие примероци и за пропустите во реализирането на проектот,“ изјави Секторот за култура при Левица. Публикувањето на второто издание на Правописот било дел од проект од национален интерес, финансиран од Министерството за култура, а Секторот бара одговорност и од министерките за култура заради нецелосната реализација на проектот.

Левица поставува сериозни прашања: „Кој од Министерството за култура вршел евалуација и мониторинг на проектот? Колку Министерството се базирало само на наративни извештаи без да направи реален увид во наменското трошење на милионските суми?“ Ова ги поттикнува сомневањата дека дел од извештаите за реализираните проекти можеби се фиктивни.

Во меѓувреме, наспроти несоодветниот третман на овие 2600 примерока, македонските библиотеки во цела Македонија имаат само 11 примерока, што ја потенцира сериозноста на пропустите во дистрибуцијата. Поради ова, Левица бара итно постапување од инспекциските служби на Министерството за култура и одговорност за сите несовесни чинители.

„Ова е апсолутно крајно неодговорно и несовесно работење од сите оние кои биле задолжени за оваа публикација од национален интерес,“ заврши соопштението на Левица.

Целосното соопштение на Секторо за култура на Левица во продолжение: